Дома Останати Тенис Враќање на голема врата: Сигурна победа на Надал во првиот меч по паузата!

Враќање на голема врата: Сигурна победа на Надал во првиот меч по паузата!

После една година без професионален тенис, Рафаел Надал како 349-ти тенисер на АТП листата се врати на терените на турнирот во Бризбејн и тоа со победа.

Шпанскиот тенисер одигра солиден меч и го совлада Доминик Тим со 2:0 во сетови со по 7:5 и 6:1. Во првиот сет беше прилично изедначено, двајцата тенисери релативно лесно ги добиваа гемовите на свој сервис. Во 12-тиот гем Надал ја искористи третата сет топка и поведе со 1:0.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Во вториот Надал покажа дека се уште може да игра на високо ниво и издоминира дозволувајќи му на противникот само еден гем за конечни 2:0.

Во наредното коло Надал ќе игра против подобриот од мечот помеѓу Аслан Карацев и Џејсон Кублер. Турнирот во Бризбејн се игра до 7-ми јануари и тој е последна припрема пред Австралија Опен каде што Надал има намера да настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа ѝ пресуди на Золотарева и обезбеди четвртфинале во Куршумлиска Бања

Лина Ѓорческа имаше блескав настап на турнирот во Куршумлијска Бања, Србија, совладувајќи …