Дома Фудбал Италија Mилан го губи трпението: Пиоли добил ултиматум

Mилан го губи трпението: Пиоли добил ултиматум

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и столчето на тренерот Стефано Пиоли.

Италијанскиот стратег пред две сезони го донесе Скудетото за „росонерите“, меѓутоа сезонава не му оди како што се очекуваше. Одредени италијански медиуми пренесуваат дека Пиоли добил ултиматум.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Наводно, Пиоли ќе мора да победи во следните два натпревари против Сасуоло денес и Емполи во следното коло. Се шпекулираше дека опција за привремено решение е Игнасио Абате кој тренер на примавера тимот.

Најголема желба на раководството наводно е Оливер Гласнер, Австриецот кој со Ајнтрахт ја освои Лигата на Европа и во овој момент е без ангажман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Флик може да добие одлично засилување за само 15 милиони евра!

Алехандро Грималдо би можел да ја заврши својата приказна во Леверкузен на крајот од оваа …