Српскиот фудбалер Немања Матиќ минатото лето изненади многумина кога се одлучи да се пресели од Рома во француски Рен, меѓутоа тоа се покажа како добар потег.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Матиќ одлично се снајде во францускиот фудбал и почна да ја враќа препознатливата форма, па сега добил понуда од Олимпик Лион.
Лион кој имаше очаен почеток на сезоната во Франција, но потоа почна да ја крева формата е во потрага по фудбалер од средниот ред и Матиќ бил еден од првите избори.
Србинот според информациите е подготовен да ја промени средината, меѓутоа Рен сака да го задржи.