29-ти декември 2013 година е датум кој со црни букви ќе остане запишан во историјата на спортот, посебно за љубителите на Формула 1. На тој ден легендарниот Михаел Шумахер доживеа тешка несреќа на скијањето на француските алпи по што повеќе не е истиот човек.
Иако помина една деценија светот не знае во каква точно состојба е легендарниот возач бидејќи неговата сопруга Корина го држи далеку од очите на јавноста и само одреди личности имаа дозвола да го видат Михаел.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Оние кои досега имале прилика да го видат Шумахер по несреќата потврдуваат дека тоа не е истиот човек кој светот го познава, меѓутоа нешто поточно не е познато.
Михаел Шумахер е еден од најголемите возачи во историјата на Формула 1 и низ годините стана и синоним за овој спорт. Во кариерата возеше за Џордан, Бенетон, Ферари и Мерцедес.
Седум пати беше светски шампион во 19 сезони и од 307 трки победи на 91. Вкупно 155 пати се најде на подиумот.