Дома Фудбал Во стил на Роберто Карлос: Погледнете го најубавиот гол за празниците во Англија

Во стил на Роберто Карлос: Погледнете го најубавиот гол за празниците во Англија

Еступинан (25), брилијантниот лев бек на Брајтон, направи спектакуларно враќање во 19. коло од ПЛ против Тотенхем по два и пол месеци принудна пауза.

Откако се опорави од повреда на мускулот, го одигра само второто полувреме во дербито за Европа, но и тоа беше доволно за да постигне спектакуларен гол.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во 63. минута со феноменален потег ја запечати победата (4:2).

Тој ја прими топката од корнер на околу 20 метри од голот дијагонално од левата страна и веднаш силно стрелаше со левата нога.

Проектил во стилот на Роберто Карлос заврши високо во спротивната мала мрежа на голот на Тотенхем за делириум на стадионот Брајтон.

Еквадорскиот дефанзивец минатото лето дојде во Брајтон од Виљареал за 17,8 милиони евра. Оттогаш тој игра во Англија, а неговата вредност е двојно зголемена.

Голот погледнете го ТУКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клаузула во договорот на Мурињо ги отвора вратите кон Реал Мадрид

ЖОЗЕ МУРИЊО има клаузула во договорот со Бенфика која може да го направи достапен уште ова…