Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд нема да настапи ниту на последниот меч во годината на Манчестер сити откако се повреди на 6 декември.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Халанд сè уште не се рехабилитирал целосно од повредата и нема да заигра против Шефилд јунајтед на гостински терен.
„Ерлинг се чувствува добро, но не тренира со екипата. Се надевам дека во јануари ќе се врати“, кажа Гвардиола.
Норвежанецот има 19 голови и пет асистенции во 22 меча за Манчестер сити во сите натпреварувања.
Неиграњето на Халанд во последниот натпревар од годината значи и дека Кристијано Роналдо дефинитивно ќе биде најдобар голгетер за 2023 година со 53 гола, зад не го се Кејн и Мбапе со 52, Халанд ќе остане на 50. Португалецот има и уште еден натпревар да го подобри учинокот.