Дома Македонски спорт Избрани најдобрите спортисти во Македонија за 2023 година

Избрани најдобрите спортисти во Македонија за 2023 година

Кик-боксерот Бобан Илиоски и светската шампионка во бодибилдинг Мери Акиевска се прогласени за најдобри спортисти на Македонија за 2023 година.

На свечената церемонија на 69 издание во изборот на најдобар спортист на годината на Македонија статуетките им беа доделени на кик-боксерот Илиоски кој оваа година донесе злато од Светското првенство, а Акиевска е веќе трикратна светска шампионка во бодибилдинг.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Каратистот Витомир Трајковски е прогласен за најдобар млад спортист, а таеквондистката Милијана Рељиќ за најдобара млада спортистка.

Најуспешен женски национален тим е сениорската селекција на Македонија, а во машка конкуренција признанието го доби одбојкарската сениорска репрезентација.

Дејан Митровски (кик-бокс и маи таи) е најуспешен тренер-селектор, додека за најуспешна национална спортска федерација е избрана Одбојкарската федерација на Македонија која беше кодомаќин на Европското првенство. За најуспешен спортист со инвалидитет е избран пливачот Андреј Стојановски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…