Дома Фудбал Англија По 1.000 минути постигна гол во Премиер лигата: Сега сум најсреќниот човек во светот!

По 1.000 минути постигна гол во Премиер лигата: Сега сум најсреќниот човек во светот!

Повеќе од 1.000 минути му беа потребни на Расумс Хојлунд да го постигне својот првенец за Манчестер Јунајтед, а вчера конечно тоа го направи во победата против Астон Вила од 3:2.

За Хојлунд тоа беше вкупно шест гол сезонава, претходно пет постигна во Лигата на шампионите. По победата над Вила порача дека е најсреќниот човек на светот.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


„Долго чекав за овој момент. Сега сум најсреќниот човек на светот. Можеше да се види тоа и по прославата на голот. Верувавме до самиот крај и токму затоа заслуживме да победиме“.

Хојлунд имаше притисок бидејќи не можеше да постигне гол во Премиер лигата.

„Како што кажа тренерот пред натпреварот, постигнав пет гола во Лигата на шампионите, меѓутоа помина долго време додека бидам стрелец во Премиер лигата. Останува на мене да се надоврзам на сето ова, среќен сум за сите тројца напаѓачи бидејќи покажавме дека имаме карактер и самодоверба“, истакна летното засилување на Јунајтед.

Манчестер Јунајтед сега се врати на шестата позиција на табелата со 31 освоен бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

УЕФА жестоко го казни Партизан!

УЕФА објави дека му изрече строги дисциплински мерки на ФК Партизан поради инциденти на на…