Дома Фудбал Баерн добива комплетно нов дизајн на дрес. Билд: Ова никогаш досега не се случило

Баерн добива комплетно нов дизајн на дрес. Билд: Ова никогаш досега не се случило

БИЛД објави дека Баерн за следната сезона ќе добие комплетно нов дизајн на дрес, каков што досега не е виден.

Баерн последните години го носеше црвено-белиот домашен дрес, а оваа сезона се префрли на класична верзија со повеќе бело отколку црвено.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ова би можело да се промени следната сезона, ако му се верува на доверливиот сајт Footyheadlines.

Станува збор за дрес со риги кои се црвени и се разликуваат само по нијанса на боја. На дресот ќе има дебели темноцрвени и светлоцрвени риги.

„Билд“ тврди дека вакви дресови на Баерн досега не биле видени, но и дека повеќе потсетуваат на традиционалниот дрес на Баерн отколку претходните дресови.

Баерн во последните години пробуваше различни варијанти во Лигата на шампионите, па на дресот можеа да се најдат бои како виолетова, златна, црна и тиркизна…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Понудата на Барселона за Левандовски предизвика гнев во Полска

Барселона му понуди на Роберт Левандовски продолжување на договорот, но со намалена плата,…