Дома Македонски спорт „Бомба“ од Островот: Еден од најголемите англиски клубови го сака Миовски!

„Бомба“ од Островот: Еден од најголемите англиски клубови го сака Миовски!

Манчестер Јунајтед во изминатиот период има проблеми со нападот, а сега клубот од „Олд Трафорд“ наводно покажал интерес за Бојан Миовски, тврди „Дејли Рекорд“.

Миовски игра одлично во шкотски Абердин и е најдобар стрелец на овој тим, па со таквите настапи го привлекол и интересот на англискиот гигант.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Од Абердин претходно истакнаа дека Миовски не е на продажба, меѓутоа ако пристигне адекватна понуда може да замине. Во Манчестер Јунајтед Миовски би можел да биде замена за Ентони Марсијал за кој се најавува дека ќе го напушти Манчестер Јунајтед.

Договорот на Миовски со Абердин е со важност до 2026 година. Претходно македонскиот голгетер најчесто се поврзуваше со Селтик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Дончиќ за пораката кон Гоберт: Кој пцуел? Јас? Не…

Лука Дончиќ одигра маестрален натпревар за Далас во кој постигна трипл-дабл, но погоди и т…