Дома Фудбал Салах повторно е нападнат поради честитка за Божиќ. Во коментарите му одговори и Ловрен

Салах повторно е нападнат поради честитка за Божиќ. Во коментарите му одговори и Ловрен

Мохамед Салах и овој Божиќ објави фотографија од елка. Најдобриот играч на Ливерпул на Инстаграм објави фотографија од накитената елка заедно со опис и честитка.

Во описот ги спомна страдањата низ кои минуваат Палестинците.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Божиќ е време кога семејствата се собираат и слават. Со бруталната војна што се одвива на Блискиот Исток, особено смртта и уништувањето во Газа, оваа година на Божиќ му приоѓаме со тешко срце и ја споделуваме болката на оние семејства кои тагуваат за загубата на своите најблиски. Ве молиме, не заборавајте ги и не се навикнувајте на нивните страдања. Среќен Божиќ.”

После тоа тој предизвика бројни реакции во коментарите. Повторно имаше негативни коментари: „За жал, продолжи разочарувањето од оваа личност, која не претставува ништо друго освен себе и воопшто не ги претставува Арапите“, му напишал еден фан.

Во коментарите се огласи и поранешниот хрватски репрезентативец Дејан Ловрен, големиот пријател на Салах.

Ловрен стави емотикон со скрстени раце и две срца, за кои доби над 1000 лајкови. Претходните години Салах објавуваше и слики од елка со семејство кое го слави Божиќ, поради што беше нападнат.

Тој е од исламска вероисповед и му напишале дека направил харам (арапски збор за забрането).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато кој клуб ќе го води Анчелоти после Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, кој има договор со „кралевите“ до летото 2026 год…