Дома Останати Мекгрегор се налути на УФЦ: Чекам и губам трпение…

Мекгрегор се налути на УФЦ: Чекам и губам трпение…

Конор Мекрегор сака да се врати во УФЦ, меѓутоа за кам-бекот од организацијата мораат да му дадат соодветна борба која досега ја нема.

Контроверзниот ирски борец сега се огласи и порача дека го губи трпението, бидејќи како што вели заслужува да биде третиран многу подобро.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Во Саудиска Арабија се зборуваше за меч помеѓу мене и Ману Пакуаи, но УФЦ молче. Ме разбирате ли? Дајте ми нешто…Требаше да се вратам во април 2024, имаше можност за овој месец…Вака никој не бил третиран досега.

Се однесуваат на овој начин и покрај се што донесов за оваа игра. Никој не се третирал вака ако се знае што носам со себе, вратата треба да ми е ширум отворена. Чекам и губам трпение“, изјави Мекгрегор.

Мекгрегор за викендот беше во Саудиска Арабија каде што го гледаше бокс мечот помеѓу Ентони Џошуа и Швеѓанецот Ото Валин. Британецот Џошуа оваа борба ја доби со технички нокаут.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тага во регионот: Почина млада спортистка и репрезентативка на само 17 години

Зана Албиновиќ, член на кик бокс клубот Спартак од Бреза и репрезентативка на Босна и Херц…