Дома Фудбал Покетино незадоволен по поразот од Волвс: „Заслуживме повеќе, Премиер лигата те казнува кога промашуваш“

Покетино незадоволен по поразот од Волвс: „Заслуживме повеќе, Премиер лигата те казнува кога промашуваш“

Тренерот на Челзи, Маурисио Покетино изјави дека тимот мора да биде поефикасен, по новиот пораз во Премиер лигата.

„Многу сме разочарани бидејќи мислиме дека заслуживме многу повеќе. Ова натпреварување ве казнува кога не сте доволно ефикасни. Создадовме шанси. Затоа ова е толку разочарувачки. Примивме голови по неколку корнери и беше навистина тешко“, изјави Покетино за Скај.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Фудбалерите на Челзи загубија со 1:2 на гостувањето од Вулверхемптон и го претрпеа осмиот пораз во Премиер лигата.

„Разговаравме многу на почетокот на сезоната. Имаме млад тим, ова е млад тим. Имаме играчи кои првпат играат во лигата, мора да се прилагодат. Се работи за самодоверба и квалитет“, изјави тренерот на лондонскиот тим.

„Мораме да постигнуваме голови ако сакаме да победиме. Многу сме разочарани. Понекогаш мораме да ја зачуваме сопствената мрежа ако не можеме да постигнеме гол. Создадовме многу корнери за нив, мора да продолжиме да работиме. Младите тимови учат од вакви натпревари“, додаде Покетино.

Челзи и Вулверхемптон имаат по 22 бода на 10-то и 11-то место на табелата во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…