Дома Фудбал Англија „Топчиите“ под закана од лоша реприза: Ѕвездата на Арсенал во преговори со Манчестер Јунајтед

„Топчиите“ под закана од лоша реприза: Ѕвездата на Арсенал во преговори со Манчестер Јунајтед

Веќе кон крајот на изминатата сезона почна да се шпекулира за можните заминувања на клучните играчи од „Емирати“. Навивачите на Арсенал и натаму ги интересира што ќе се случи со најголемите ѕвезди на тимот, Месјут Озил и Алексис Санчез, бидејќи тие двајца се уште не ги продолжија договорите со „Топчиите“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во Островските медиуми неодамна се појавија информации дека Озил би можел да замине од Арсенал веќе во јануари, а германскиот репрезентативец се поврзува со многу клубови, од Шалке и Вердер, до Интер и Фенербахче.

Сепак, сега новинарот Кик Марин, истакна дека Озил преговара со Манчестер Јунајтед, па дека веќе сега е блиску до постигнување на договор со „Црвените ѓаволи“.

Според наводите од британски „Мирор“, Жозе Мурињо е заинтересиран за доведување на Озил на „Олд Трафорд“. За потсетување, Озил најдобрите партии ги понуди во Реал Мадрид, токму под тренерската палка на Жозе Мурињо, а „Специјалниот“ смета дека повторно би можел да го извлече најдоброто од германскиот играч за врска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дефинитивно: Капитенот на Реал Мадрид заминува!

Дани Карвахал ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона. Зошто проблемот со уличн…