Како и што беше најавено, Нигериецот Виктор Осимен стави потпис на нов договор со Наполи.
Новиот договор на Осимен со актуелниот шампион на Италија има важност до 2026 година и во него е вметната откупна клазула во износ од 130 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Осимен во еден период не беше во најдобри односи со клубот поради скандалот со видеото на „Тик Ток“, но подоцна работите се променија и Де Лаурентис успеа да го убеди да ја продолжи соработката.
Во претходниот период Осимен се поврзуваше со повеќе клубови, меѓутоа Де Лаурентис остана на својот став дека напаѓачот може да замине само под услови кои тој ќе ги постави. Сега секој кој го сака Осимен пред 2026 ќе мора да плати 130 милиони евра.
Victor & Napoli together until 2026 💙 pic.twitter.com/Gs0WVckkBw
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) December 23, 2023