Дома Фудбал ФА донесе одлука: Натпреварот прекинат поради срцев удар на играчот на Лутон ќе се преигра

ФА донесе одлука: Натпреварот прекинат поради срцев удар на играчот на Лутон ќе се преигра

Натпреварот од 17. коло од англиската Премиер лига меѓу фудбалерите на Борнмаут и Лутон, кој беше прекинат поради срцев удар на играчот на Лутон, Локиер, ќе се преигра во целост, одлучи Англиската фудбалска асоцијација (ФА).

Датумот на натпреварот се уште не е познат, а првично одиграниот натпревар беше прекинат во 60. минута при резултат 1-1.

Во тој момент на средината на теренот колабираше 29-годишниот Велшанец Том Локиер, капитен на Лутон, кој доживеал срцев удар.

Дваесет минути подоцна, лекарите потврдија дека Локиер се освестил. Од таа сабота, 16 декември, Локиер е на болничко лекување и моментално е стабилен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кристијано Роналдо конечно одговори на прашањето кое ја интересира Португалија, но и целиот свет!

Кристијано Роналдо одговори на прашањето колку долго ќе продолжи да игра професионален фуд…