Дома Фудбал Инфантино: Светското првенство во Катар беше најдоброто во историјата

Инфантино: Светското првенство во Катар беше најдоброто во историјата

„Морам уште еднаш да нагласам, Катар како домаќин и Светското првенство во 2022 година беше најдоброто во историјата“, изјави Џани Инфантино, претседател на Светската фудбалска организација (ФИФА).

Инфантино по повод првата годишнина од шампионатот гостуваше во катарската телевизија beINSport.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Катар и Светското првенство во 2022 година оставија богато наследство за следните генерации на арапскиот свет.

Катар и фудбалот понудија толку многу, среќа, радост и гордост. Вкупно пет милијарди луѓе го гледаа Светското првенство.

3,5 милиони се собраа во стадионите, а од околу еден и пол милион од нив беа навивачи од странство“, изјави првиот човек на меѓународната фудбалска организација.

„Секој натпревар беше забавен и интересен на свој начин, посебен. Секако, врв на се беше последната средба и прослава на Аргентинците предводени од фантастичниот Меси“, додаде Инфантино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Феде Валверде објасни за испадот на гнев при замената

Федерико Валверде одигра многу силен натпревар во победата на Реал Мадрид против Реал Соси…