Пари Сен Жермен е блиску до потврда за трансферот на Лукас Лопез Бералд (20) од бразилскиот Сао Паоло.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Станува збор за бразилски стопер кој професионален фудбалер стана пред една година. Берландо важи за еден од најталентираните на својата позиција и ПСЖ за него би требало да плати околу 25 милиони евра.
Досега одигра 51 натпревар за Сао Паоло и постигна еден гол, а за репрезентацијата на Бразил до 20 години собра 20 настапи.
Фабрицио Романо објави дека Сао Паоли го проценува на 25 милиони евра и клубовите би можеле да се договорат. Од друга страна самиот Берландо веднаш ги прифатил личните услови и не правел никаков проблем.