Традицијата и статистиката не мора ништо да значат, но секако дека може да се и најава за нешто – па така сега се најавува дека Џирона може да биде шампион во Ла Лига.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Никој ниту најголемите фанови на овој клбу не очекуваа дека покрај Барселона, Реал Мадрид, Атлетико…една Џирона може да се појави како кандидат за титула.
Засега ситуацијата е слична како со бајката на Лестер, никој не е сигурен до каде можат да издржат момците на Мичел. Сепак, да си прв по 17 кола значи дека имаш квалитет.
По 17 кола во Ла Лига Џирона има 44 бодови и само еднаш од четирите случаи се случило клубот по 17 кола освоил толку бодови да не биде шампион. Таква „среќа“ имал Реал Мадрид во сезоната 2010/2011 во преостанатите случаи: Барселона (2008/2009), Атлетико Мадрид (2020/2021) и Барселона (2022/2023) лидерите станувале шампиони.
Останува да видиме каква ќе биде ситуацијата во мај кога ќе се решава шампионатот и дали фудбалскиот свет ќе добие уште една бајка која ќе се прераскажува.