Дома Македонски спорт Пристигна нова понуда за Елмас – бундеслигашот се врати со 25 милиони евра!

Пристигна нова понуда за Елмас – бундеслигашот се врати со 25 милиони евра!

Познатиот италијански весник „Кориере дело Спорт“ утрово пренесува дека македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас повторно е опција за германски Лајпциг.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најавите на италијанците се дека Лајпциг ќе се обиде со 25 милиони евра уште во јануари да го доведе „дијамантот“ во своите редови.

Не е првпат Лајпциг да се поврзува со името на македонскиот фудбалер. Во текот на летото се пишуваше за интерес од германскиот бундеслигаш, меѓутоа тогаш Наполи не прифати ниту една понуда, па Елмас остана и оваа сезона во актуелниот шампион на Италија.

Сега останува да се види каков одговор ќе има Наполи сега кога Валтер Мацари е на клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…