Во дербито на колото во португалското првенство Спортинг Лисабон со 2:0 го победи Порто, меѓутоа во центарот на вниманието на оваа средба се најде контроверзниот стопер на гостите, Пепе.
Екс-дефанзивецот на Реал Мадрид на почетокот на второто полувреме заработи заслужен црвен картон откако му удри шлаканица на противничкиот фудбалер Матеус Реис.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
За судијата немаше многу дилеми и веднаш го испрати 40-годишниот дефанзивец во соблекувалната.
Пепе во текот на мечот имаше и други дуели во кои реагираше агресивно, па очигледно не се менува и порај тоа што годините полека го стигнуваат.
🚨| PEPE STRAIGHT RED CARD AGAINST SPORTING LISBON
— Red Card Alert (@collinabanter) December 18, 2023
pic.twitter.com/5WPcdZGRoo