Еден од најславните аргентински фудбалери на сите времиња, Хуан Роман Рикелме убедливо победи на изборите одржани во претходниот ден.
Рикелмер кој досега беше потпретседател освои 64% од гласовите на вкупно 43.367 гласачи кои се појавија на „Ла Бомбониера. Противник на Рикелме му беше Андрес Ибара кој доби поддршка и од аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, но ниту тоа не му помогна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претходно токму Милеи предизвика многу контроверзии предложувајќи Бока да биде приватизирана, тој предлог беше месовно одбиен од навивачите. Веројатно и таа ситуација е една од причините за убедливата победа на Рикелме.
Сега пред Рикелме е тежок период на реконструкција во клубот кој играше финале на последното издание на Копа Либертатодрес, но во новата нема да учествува во елитното натпреварување во Јужна Америка.
In the middle of this is Juan Román Riquelme after having voted in the election for a new president at Boca Juniors pic.twitter.com/qx8Y4ygLl6
— Tears at La Bombonera (@BomboneraTears) December 17, 2023