Дома Фудбал Кин: Ван Дијк не смее да заборави дека игра за клуб кој има една титула во 30 години

Кин: Ван Дијк не смее да заборави дека игра за клуб кој има една титула во 30 години

Вчерашното дерби од 17. коло меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед заврши без голови, а тоа особено не му се допадна на стоперот на Ливерпул, Вирџил ван Дијк.

По натпреварот, Холанѓанецот го критикуваше дефанзивниот пристап на тимот на Ерик тен Хаг.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


На прашањето дали е фрустриран од резултатот, Холанѓанецот брзо одговори и го „пецна“ својот ривал.

“Да, дефинитивно. Само еден тим се обиде да го добие натпреварот денес. За жал, тоа не се случи. Сакаме да победиме на секој натпревар, особено против тим како нив.

Тоа е фрустрирачки бидејќи бевме супериорни во сите аспекти, додека тие само се обидуваа во контранапад. На крајот слават бод и ние не сме задоволни со тоа“, изјави Ван Дијк, а Рој Кин, легендарниот играч за врска на Јунајтед, во емисијата на Скај Спорт му одговори:

“Очигледно е дека има многу ароганција што излегува од него кога така го омаловажува Манчестер Јунајтед. Треба да се потсети дека игра за клуб кој освои една титула во триесет години.

Јунајтед е во тешка ситуација, како што беше Ливерпул многу години. Можеби таа ароганција денеска му се одби од глава. Треба да се потсетиме од каде доаѓа. Една титула во 33 години?

Тој рече дека играчите на Јунајтед слават поради бодот и само еден тим дошол да игра. Да, сум бил многу пати на „Енфилд“ со Јунајтед кога Ливерпул беше во тешка ситуација и се радуваше со реми. Заклучокот е дека најважен е резултатот“, изјави Кин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Тажен сум“ – Милан со еден потег го разочарал Хрватот Бобан

Милан ќе го прослави јубилејот за време на натпреварот со Џенова во Серија А, а Хрватот Зв…