Дома Фудбал Денеска е ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите. Еве кои се можни парови и каде можете да гледате

Денеска е ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите. Еве кои се можни парови и каде можете да гледате

Минатата недела заврши групната фаза од Лигата на шампионите.

16 екипи се пласираа во осминафиналето. Пред зимската пауза ќе се изврши ждрепката која е закажана за денеска, 18 јануари, во 12 часот во Нион.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Статусот на носители го остварија клубовите кои завршија на првото место во групата, додека второпласираните се неносители.

Носители: Арсенал, Атлетико, Баерн, Барселона, Борусија Дортмунд, Манчестер Сити, Реал Мадрид, Реал Сосиедад.

Неносители: Копенхаген, Интер, Лацио, Лајпциг, Наполи, ПСЖ, Порто, ПСВ

Секоја рунда од 16 парови ќе се состои од еден носител и еден неносител. Првиот натпревар ќе го одиграат на домашен терен неносителите.

На ждрепката не смеат да се паднат два клуба од иста земја и два клуба кои биле во иста група.

Лигата на шампионите продолжува на 13 февруари следната година, а финалето ќе се игра на Вембли на 1 јуни.

Преносот на ждрепката ќе можете да го следите на каналот Арена Спорт 1 од 12 часот или на официјалната веб-страница на УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Феде Валверде објасни за испадот на гнев при замената

Федерико Валверде одигра многу силен натпревар во победата на Реал Мадрид против Реал Соси…