Дома Фудбал Англија Фердинанд: Наместо Модриќ го купивме Кагава, останатото е историја

Фердинанд: Наместо Модриќ го купивме Кагава, останатото е историја

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд откри дека во 2012 година се обидел да го убеди Модриќ да се пресели на „Олд Трафорд“.

Модриќ тогаш блескаше во дресот на Тотенхем и беше на мета на многу клубови, а потоа се пресели во Реал Мадрид, каде изгради легендарен статус.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Се сеќавам на разговорот со Модриќ. Го прашав дали ќе го напушти Тотенхем и тој рече дека мисли дека ќе го напушти, но не беше сигурен каде ќе оди. Му реков: „Слушај, дојди во Јунајтед“, на што тој ми одговори: „Види, сакам да станам првиот Хрват во историјата на Манчестер Јунајтед. Можеме ли да го направиме ова?. Зборував со луѓето во клубот и со Сер Алекс, но тој имаше други планови. Тој веќе договорил се за трансферот на Кагава. Го донесоа, а Модриќ замина во Реал Мадрид. Останатото е историја“, откри Фердинанд. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…