Дома Трансфер зона Изненадување: Барселона го сака „отпишаниот“ напаѓач на Манчестер Јунајтед

Изненадување: Барселона го сака „отпишаниот“ напаѓач на Манчестер Јунајтед

Барселона и Атлетико Мадрид се последните клубови кои покажале интерес за Мејсон Гринвуд кој нема иднина во Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гринвуд беше ослободен од обвинувањата за силување, но и покрај тоа навивачите, спонзорите и голем дел од вработените во клубот се кренаа против младиот фудбалер.

Откако дефинитивно беше јасно дека нема да добие шанса во Јунајтед, клубот го испрати на позајмица во шпански Гетафе. Оваа позајмица се покажа како одличен потег за фудбалерот кој игра одлично.

Според последните информациите на шпанските медиуми, Барселона испратила скаути да го следат Гринвуд, но исто така напаѓачот го привлекол и вниманието на Атлетико Мадрид.

Претходно се шпекулираше дека Валенсија и Реал Сосиедад би можеле да се обидат да го доведат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…