Дома Фудбал Лига на шампиони Teнзии во Париз, Мбапе се налути, Енрике му одговори: Ќе беше глупаво да примиме гол

Teнзии во Париз, Мбапе се налути, Енрике му одговори: Ќе беше глупаво да примиме гол

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе не беше премногу расположен по ремито на неговиот тим со Борусија Дортмунд (1:1).

ПСЖ се пласираше во осминафиналето, но само затоа што Њукасл не победи против Милан. Француските медиуми пишуваат дека Мбапе најмногу незадоволен бил од насоките на тренерот Луис Енрике да ја држат топката во последните минути без да ризикуваат да нападнат.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Таа одлука Енрике ја донел откако Милан постигнал гол за водство против Њукасл. На ПСЖ од тој натпревар му одговараше се освен победа на Њукасл кој ако славеше ќе играше осминафинале во ЛШ.

По натпреварот Енрике беше запрашан да каже нешто на оваа тема.

„Зошто Мбапе реагираше така? Нормално е фудбалерите да се вознемирени бидејќи имавме пет одлични прилики и не постигнавме гол. Фудбалерот може да биде лут затоа што сака да постигнува голови, но јас сум тој што треба да процени кога треба да се ризикува.

Ќе беше глупаво да примивме гол во 85. минута и така да бидеме елиминирани. Претходно воопшто не следев што се случуваше на натпреварот Њукасл – Милан, но кога Милан постигна гол се сменија работите“, изјави Енрике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…