Дома Фудбал Останато Човекот кој го претепа судијата лани освоил награда за – фер-плеј!

Човекот кој го претепа судијата лани освоил награда за – фер-плеј!

Претседателот на турскиот клуб Анкарагучу, Фарук Коча денеска е човекот за кој најмногу пишува фудбалската јавност.

По завршувањето на вчерашниот натпревар во кој неговиот тим играше против Ризеспор со бокс го удри судијата Халил Умут Мелер, а потоа продолжи и да го клоца додека тој лежеше на тревникот.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


За скандалот да биде уште поголем, Коча освои фер-плеј награда во турската Суперлига и тоа во 2022 година. Воедно, Коча е долго време во турскиот фудбал, а тој е еден од политичарите кои беа дел од турското национално собрание од 2002 до 2011 година. Роден и израснат во Анкара, која двапати ја претставуваше во Парламентот.

„Инцидентот се случи поради низа неправилни одлуки и неговото провокативно однесување. Сакав вербално да изреагирам и да го плукнам во лице. Да, го удрив во пределот на лицето, а тој прво стоеше 5-10 секунди, а потоа падна“, се бранел Коча пред полицијата.

Инаку турската полиција веќе го уаппси Коча, а заедно со него се приведени и уште две лица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…