Дома Трансфер зона Најголемото изненадување во Европа сака засилување од Манчестер Јунајтед

Најголемото изненадување во Европа сака засилување од Манчестер Јунајтед

Италијанскиот експерт за трансфер Фабрицио Романо најави дека еден од клубовите кои се интересираат за Дони Ван Де Бек од Манчестер Јунајтед е шпанска Жирона.

Жирона е најголемото изненадување во најсилните европски лиги и по 16 кола се лидери во Ла Лига со 41 бода, а во минатото коло ја победија Барселона на гостински терен.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Информациите на Романо се дека Жирона разговарала со луѓето во Манчестер Јунајтед за можен ангажман на Ван Де Бек.

Планот на Жирона е да го доведе холандскиот играч за врска на позајмица, меѓутоа конкуренцијата е голема. Претходно како главен фаворит за неговиот потпис се споменуваше германски Ајнтрахт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…