Дома Фудбал Останато „Ме клоцаа и ми зборуваа дека сум готов“- исповед на судијата кој беше претепан во Турција

„Ме клоцаа и ми зборуваа дека сум готов“- исповед на судијата кој беше претепан во Турција

Вистински скандал кој го потресе целиот фудбалски свет се случи вчера на натпреварот помеѓу Анкарагучу и Ризерспор. Главниот судија на овој натпревар, Халил Умут Мелер беше претепан од претседателот на домаќините Фарук Коча.

Судијата кој заврши во болница каде што се разговараше и со претседателот Ердоган раскажа што се случувало во моментите кога бил удрен, но кога лежел на теренот добивајќи удари по телото.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


„Фарук Коџа ме удри под левото око и паднав на теренот. Како што може да се види додека лежев добивав многу удари со клоци по главата и другите делови од телото.

Освен ударите ми се закануваше зборуваше: „Готов си! Ќе те убијам…“. Дефинитивно ќе поднесам тужба против него и против сите кои ме удираа. Не сакам никаков компромис“, порача Мелер.

Инаку, Фудбалската федерација на Турција го суспендираше целото првенство на неодредено време по овој скандал. Во јавноста се шпекулираше и дека Мелер повеќе нема да суди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Каралсен со огромна грешка изгуби од светскиот шампион, па буквално збесна (Видео)

Во шестото коло од големиот турнир на врвни шахисти во норвешкиот град Ставангер се судриј…