Дома Фудбал Осимхен ја освои големата награда пред ѕвездите на ПСЖ и Ливерпул

Осимхен ја освои големата награда пред ѕвездите на ПСЖ и Ливерпул

Африканската фудбалска организација чадор CAF на специјална церемонија го прогласи Виктор Осимхен, 24-годишниот напаѓач на нигериската репрезентација и Наполи, за најдобар африкански играч во 2023 година.

Осимхен беше најдобар стрелец на клубот од југот на Италија во првиот поход кон шампионската титула по 33 години.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Летово стана најдобар стрелец во Серија А, а се предвидува дека во јануари или следното лето би можел да оствари трансфер вреден повеќе од 100 милиони евра во некој од европските гиганти и со тоа да стане најскап играч во историјата на Наполи.

На изборот за играч на годината во КАФ, тој заврши пред второпласираниот Мароканец Ахраф Хакими (ПСЖ) и третопласираниот Египќанец Мохамед Салах (Ливерпул).

За Салах ова е најлошиот пласман на последните пет избори. Тој беше победник во 2017 и 2018 година, а во 2019 и 2022 година заврши на второто место, двата пати зад Садио Мане, додека наградата не беше доделена во 2020 и 2021 година.

Осимхен стана првиот Нигериец кој ја освоил наградата за најдобар африкански играч по Нванква Кану во 1999 година: „Ова е остварување на сонот. Им благодарам на сите што ми помогнаа на тој пат“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Какви зборови од Нејмар за Јамал: Светот тоа уште не го видел!

Нејмар вели дека светот не видел таков талент како што е Ламин Јамал.  Бразилецот во едно …