Дома Фудбал Ромарио има 57 години. Погледнете што им прави на противниците

Ромарио има 57 години. Погледнете што им прави на противниците

Легендарниот Бразилец Ромарио е еден од најдобрите стрелци во историјата на фудбалот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тој постигна преку 700 голови во кариерата, го освои Светското првенство и Златната топка во 1994 година, а е еден од ретките кои постигнале над 100 гола за три клуба.

Тоа го направи во дресот на ПСВ, Васко Де Гама и Фламенго.

Навивачите во Европа најмногу го паметат по две сезони во Барселона, каде беше дел од Дрим-тимот на Јохан Кројф, во кој со Христо Стоичков формираше смртоносен напаѓачки тандем.

Како најдобар стрелец во лигата, тој им помогна на Каталонците да ја освојат титулата, а неговата кариера траеше до 2009 година, кога имаше 44 години.

Денес, Ромарио има 57 години, но сепак сака да игра фудбал од душа. Често може да се забележи на затворените фудбалски терени во својата татковина, каде имаше и кратка политичка кариера, а сега вирално стана видеото на кое им ја турка топката низ нозете на противниците како во неговите најдобри денови.

Видеото погледнете го ТУКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан е минато: Леао ќе бира меѓу два премиерлигаши!?

Португалската ѕвезда Рафаел Леао повторно се најде во центарот на вниманието откако со сво…