Со победата против прилепска победа од 3:1 Беса 1976 остана на лидерската позиција во Втората лига додека Пелистер ја заврши годината со триумф против Осогово.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Се држеше Победа во првото полувреме кое заврши 1:1, но во вториот дел прими два гола и загуби со 1:3.
Осогово преку Паунов успеа да поведе со Пелистер, но потоа Симеон Христов и Спиркоски обезбедија победа за битолскиот состав.
Годината со победа ја заврши и Детонит кој со минимални 1:0 го совлада Караорман.
На табелата Беса е лидер со 40 бодови, додека Детонит е втор со 35, а Пелистер има 30 бодови во топ-3. Зад нив се Арсими и Охрид со по 23 бодови.
Арсими – Беласица 2-1
Скопје – Новаци 2-1
Кожув – Охрид 2-0
Тетекс – Башкими 0-0
Вардар Неготино – Каменица Саса 1-0