Дома Македонски спорт Мак фудбал Кехинде од пенал ја сруши Македонија Ѓорче Петров

Кехинде од пенал ја сруши Македонија Ѓорче Петров

Фудбалерите на Гостивар во единствениот натпревар денеска од Првата македонска фудбалска лига ја совладаа Македонија Ѓорче Петров со 1:0.

Само поради голманот Христијан Стевковски на полувремето не видовме погодоци, тој беше одличен на голот на Македонија Ѓорче Петров. Стевковски одбрани четири 100% шанси на домашните фудбалери.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Најголемата шанса Македонија Ѓорче Петров ја имаше во 78. минута кога Алији одлично шутираше, но голманот  Абази го одбрани неговиот удар. Одлучувачкиот момент се случи во 90. минута кога Кехинде од пенал го матираше Стевковски за три бода на Гостивар.

Останатите натпревари од ова 18. Коло кое е последно зимско се играат утре.

АП БРЕРА – ШКУПИ

ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС

СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА

ВАРДАР – ТИКВЕШ

ВОСКА – РАБОТНИЧКИ

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Наместо химната на ЛШ ја пуштија на Лига Европа: Реакцијата на фудбалерите стана хит (Видео)

ПСЖ на драматичен начин ја елиминираше Астон Вила во четвртфиналето од Лигата на шампионит…