Дома Фудбал Тотенхем постави негативен рекорд во Премиер лигата

Тотенхем постави негативен рекорд во Премиер лигата

Тотенхем имаше одличен старт и беше на врвот на Премиерлигата, но потоа следуваше период на лоши резултати и постави негативен рекорд.

Лондонската екипа во првите седум кола запиша шест победи и реми против Арсенал, но повредите го исфрлија клубот од посакуваниот ритам.

Тотенхем стана првиот тим во историјата на Премиерлигата, кој по водство од 1-0 запишал пет меча без победа, односно четири порази и едно реми.

Лошата серија почна со мечот против Челзи (1-4), по што следеше дуел со Вулверхемптон (1-2), па Астон Вила (1-2), Манчестер Сити (3-3) и поразот од Вест Хем (1-2).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Влезе во 79. минута, па со гол и асистенција ја запечати победата на Цирих

Селмин Хоџа беше меѓу клучните играчи во гостинскиот триумф на Цирих над Јанг бојс со 5:3.…