Реал Мадрид не планира да се засилува во јануарскиот преоден рок, но Флорентино Перез планира да избрка дел од играчите, меѓу кои е и едно звучно име.
„Кралевите“ сакаат да го продадат Ферланд Менди затоа што не ги оправдал вложените пари и се очекува во јануари да пристигнат понуди за неговиот потпис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Менди не планира да замине од Мадрид, затоа што има добар договор и добива по 200.000 евра неделно од „кралевите“.
Тоа е една од причините поради кои Перез сака да го избрка, а втората е тоа што планира да го ангажира Алфонсо Дејвис.