Дома Фудбал Скандал: Поранешниот црногорски репрезентативец уапсен со пиштол

Скандал: Поранешниот црногорски репрезентативец уапсен со пиштол

Симон Вукчевиќ, екс-фудбалерот на Партизан бил уапсен по редовна контрола на еден од граничните премини во Србија откако со себе носел пиштол и 126 куршуми.

Вукчевиќ бил уапсен уште во саботата и веќе во понеделеникот му се одредила мерка притвор од 30 дена.

Црногорскиот фудбалер дресот на српскиот гигант го носеше од 2003 до 2006 година, а потоа играше за клубови во странство. Меѓу клубовите за кои настапуваше беа и поранешниот премиерлигаш Блекбурн и португалски Спортинг Лисабон.

Дресот на репрезентацијата на Црна Гора го носеше на 45 натпревари во кои постигна два гола. Крај на кариерата објави во 2018 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клубската минутажа му дава надеж на Седлоски за пресврт во Глазгов

Македонија против Шкотска ќе се обиде да ја прекине серијата од четири порази. Седлоски оч…