МИЛАН е подготвен да започне преговори со менаџерот на репрезентативецот на Гвинеја Серху Гираси (27), објави инсајдерот Николо Скира.
Станува збор за напаѓачот на Штутгарт кој сезонава постигна 18 гола на 13 настапи и додаде две асистенции.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Иако со 16 гола моментално е трет најдобар стрелец во Европа (зад Хари Кејн од Баерн и Сантијаго Хименез од Феенорд со 18 гола) и четврти во светот (Лукас дос Сантос од Никарагва Манагва има 17), Милан би можел да го добие за само 17,5 мил. евра бидејќи во договорот има таква откупна клаузула.
Скира открива дека скаутите на Милан неколку пати го гледале напаѓачот од Гвинеја, но италијанските гиганти не се единствените кои го сакаат напаѓачот.
Договорот на Гираси со Штутгарт е до летото 2026 година. Трансфермаркт неговата вредност ја проценува на 40 милиони евра.
