Колумбиецот Хамес Родригез откри дека имал понуди од Манчестер Сити и Пари Сен Жермен пред да потпише за Реал Мадрид, но тој ги избрал „кралевите“.
Родригез блесна во дресот на својата репрезентација на Мундијалот во 2014 година со што му се отвори вратата за голем трансфер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега откри како Флорентино Перез со едно прашање успеал да го убеди да го избере Реал Мадрид.
„Имаа испратено понуди, ПСЖ и Реал Мадрид исто така сакаа да ме доведат. Нивните понуди беа финансиски поголеми од на Реал Мадрид. Сепак за мене постоеше само Реал Мадрид. Флорентино Перез ме побара на телефон и ме праша: Сакаш пари или слава? Му одговорив, слава, па ми возврати: Готово, тогаш работата е завршена“, откри Хамес.