За десет дена поранешниот стратег на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие ќе мора да се појави на суд во Франција за да даде своја изјава откако е обвинет за етичка и расна дискриминација.
Ако се потврди како виновен Галтие би можел да заврши во затвор и да плати казна од 45.000 евра. Против него секојдневно се појавуваат нови докази.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Скандалот започна кога тој беше тренер на Ница, а од тогашниот директор на клубот преку мејл побарал да престанат со ангажман на муслимани и црномурести фудбалери.
Исто така се наведува дека од оние кои биле во тимот барал да го прекинат постот. Галтие кој е сегашен тренер на Ал Духаил ги отфрли обвинувањата, меѓутоа фудбалерот Жан Клер Тодибо кој играше и за Барселона потврдил дека него му било барано да го прекине постот за Рамазан.