Дома Фудбал Италија Играч, тренер, гол на сезоната – доминација на Наполи во изборот на најдобрите во Серија А

Играч, тренер, гол на сезоната – доминација на Наполи во изборот на најдобрите во Серија А

Изминатата вечер во Торино беа прогласени најдобрите во италијанскиот фудбал за сезоната 2022/2023, а напаѓачот Виктор Осимен го доби признанието за најдобар играч во најсилното италијанско првенство.

На 32 натпревари, Осимен постигна 26 гола и беше еден од најзаслужните за освоената титула на Наполи кој чекаше 30 години на Скудето.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лучијано Спалети кој сега е селектор на Италија за својата работа во Наполи беше прогласен најдобар тренер, а Грузиецот Кварацхелчија ја доби наградата за најубав гол.

Избран беше и идеалниот тим:

 Мајк Мањан (Милан). Џовани ди Лоренцо (Наполи), Ким Мин-Јае (Наполи), Алесандро Бастони (Интер), Тео Хернандез (Милан). Станислав Лоботка (Наполи), Хакан Чалханолу (Интер), Николо Барела (Интер). Квича Кварацелија (Наполи), Виктор Осимен (Наполи), Рафаел Леао (Милан).

Исто така на церемонијата беше доделена и наградата „Златно момче“ која од претходно беше познато дека ја освојува Џуд Белингам.

„Горд сум што ја освоив наградата „Златно момче“, мојата тајна е одговорноста уште откако бев дете во академијата. Го сакам тоа. Сакам да станувам подобар секој ден и да му помагам на Реал Мадрид. Мојот фокус е на тоа. Реал Мадрид е најдобриот тим во светот. Среќен сум што имам можност да играм тука“, изјави Белингем на церемонијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…