Македонскиот репрезентативец Енис Барди би можел да се пресели во турски Трабзонспор пренесуваат германските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Наводно тренерот на германскиот тим Ненад Бјелица со кого Барди соработуваше во Трабзонспор сака да го доведе во Германија.
Бјелица смета дека Барди е идеално решение за проблемите во средниот ред на Унион Берлин. Под водство на хрватскиот стратег, Барди играше одлично во Турција, но сега е во втор план и на последните четири натпревари настапи само еднаш и тоа 15-тина минути. Тренер на Трабзон во овој момент е Абдула Авчи.
Информациите се дека Унион Берлин веќе го направил првиот контакт, а трансферот би можел да се реализира ако двете страни се договорат некаде на почетокот на јануари.