Барселоа сериозно размислува да се ослободи од напаѓачот Роберт Левандовски на лето, пренесуваат шпаските медиуми.
Левандовски во Барселона дојде минатата сезона и во првата сезона во 46 меча даде 33 погодоци и помогна во освојување на титулата во Примера.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Полјакот е во криза и игра многу послабо во однос на претходните сезони, а тренерот Чави Ернандез сметал дека Левандовски не можел да го следи ритамот на своите соиграчи.
Шпанскиот новинар Хосе Алварес кој има блиски извори во Барселона, ексклузивно открива дека се размислува за раскин на договорот меѓу Левандовски и каталонскиот клуб по завршување на сезоната.