Дома Фудбал Нов проблем за Анчелоти: Реал остана без уште еден важен играч

Нов проблем за Анчелоти: Реал остана без уште еден важен играч

Фудбалерот на Реал Мадрид, Дани Карвахал го повредил мускулот на левата нога, соопшти денеска шпанскиот клуб.

„По извршените тестови од медицинската служба на Реал Мадрид, на Карвахал му беше дијагностицирана повреда на мускулот на левата нога“, се вели во соопштението на Реал.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Реал не прецизираше колку време Карвахал ќе биде надвор од терените и само порача дека со следниот период ќе следи негова рехабилитација.

Според неколку шпански спортски медиуми, шпанскиот репрезентативец ќе биде надвор од терените околу еден месец.

Карвахал играше во саботната победа против Гранада, со која Реал се врати на ист број на бодови за првото место во Ла Лига со Жирона.

Тимот од Мадрид оваа сезона мака мачи со повреди. Голманот Тибо Куртоа и стоперот Едер Милитао одамна ја завршија сезоната, а Винисиус Жуниор моментално е повреден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Терзиќ: Горди сме на помошта за братска Македонија

Звездан Терзиќ, генералниот директор на Црвена Ѕвезда, се обрати на јавноста по хуманитарн…