Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин истакна дека зимско Светско првенство како во Катар нема да се одржи никогаш повеќе.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Поради високите температури Катар беше домаќин на најдобрите светски селекции во текот на сезоната и според Чеферин тоа не донесе ништо добро на фудбалот.
„Правиме се што можеме, се бориме против сите форми на дискриминација и злоупотреба. Но, никој не треба да го користи турнирот за лична или политичка корист. Во едно сум сигурен. Зимското светско првенство не беше добро за фудбалот и не е паметно да има повторно. Со негово одржување во тој термин се создава преоптоварување на распоредот“, изјави Чеферин.
Минатата година Светското првенство на кое триумфираше Аргентина се играше од 20-ти ноември до 18-ти декември.