Интер во 14. коло од италијанската Серија А победи со 0:3 на гостувањето кај актуелниот шампион Наполи и со тоа се врати на врвот на табелата каде сега има два бода повеќе од Јувентус.
Падот на резултатите на Наполи продолжува и избраниците на Валтер Мацари сега се наоѓаат на петтото место.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Интер дојде до победата преку тројца различни стрелци, Хакан Чалханоглу, Барела и Маркус Турам. Посебно атрактивни беа првите два гола на натпреварот.
Голот на Чалханоглу погледнете го ТУКА, а на Барела ТУКА
Конечните 3:0 ги постави Турам во 85. минута. Нашиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер на овој натпревар и одигра 75 минути.