Дома Фудбал Меси откри зошто му се налутил на Левандовски: Неговите зборови ме погодија

Меси откри зошто му се налутил на Левандовски: Неговите зборови ме погодија

ЛИОНЕЛ МЕСИ призна дека му бил лут на Роберто Левандовски на натпреварот помеѓу Аргентина и Полска на Светското првенство во Катар и дека поради тоа често барал директен дуел со него на теренот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Аргентина на тој натпревар ја победи Полска со 2:0 и се пласираше од првото место во групата Ц во осминафиналето на Светското првенство, кое на крајот го освоија.

Меси и Левандовски на таа средба имаа неколку меѓусебни средби. За паметење е реакцијата на Меси откако полскиот напаѓач го запре со прекршок. Левандовски веднаш се извини, но Меси одби да се ракува со него како прифаќање на извинувањето.

Во интервју за ESPN, тој откри што се случило тој ден. Во позадина на се е изјавата на Меси за Левандовски од доделувањето на Златната топка во 2021 година. Наградата не беше доделена претходната година поради коронавирусот, а општиот впечаток беше дека ја заслужи Полјакот кој на 29 натпревари за Баерн таа сезона постигна 41 гол и асистираше уште седум.

Една година подоцна Меси повторно ја освои, а во својот говор кажа колку му се восхитува на постигнувањето на Левандовски и истакна дека сите мислат дека Полјакот го заслужил тоа за претходната година. Меѓутоа, кога беше избрана наградата The Best, Меси не гласаше за Левандовски.

Полјакот му замери за тоа и рече дека „би сакал зборовите на Меси да биле искрени, а не шупливи“. Оттука и споровите на теренот за време на Светското првенство во Катар.

“Неговите зборови ме погодија затоа што искрено го кажав тоа што го чувствувам. Ме повреди и бев лут. Затоа го игнорирав и продолжив да дриблам. Тој не требаше да го каже тоа”, објасни Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тензичен момент на тренингот на Шпанија: Гави го повреди Родри, настана врева! /ВИДЕО/

Непријатна сцена се случи на еден од последните тренинзи на шпанската репрезентација пред …