Дома Фудбал Лига на шампиони 12 eкипи го безбедија пласманот во нокаут фазата од Лигата на шампионите: Место има за уште четири

12 eкипи го безбедија пласманот во нокаут фазата од Лигата на шампионите: Место има за уште четири

По резултатите од 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите, одредени се 12 од 16 учесници во плејофот.

Синоќа влезници за 1/8 финалето добија Арсенал кој го совлада Ленс (6:0) и ПСВ кој стигна до плејофот благодарение на победата на Реал Мадрид над Наполи (4:2).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претходно место во плејофот изборија: Атлетико Мадрид, Лацио, Борусија Дортмунд и Барселона, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Реал Сосиедад, Интер, Манчестер сити и Лајпциг.

Првите натпревари од 1/8 финалето во Лигата на шампионите ќе се одржат на 13 февруари. 

Финалето на турнирот ќе се одржи на „Вембли“ во Лондон на 1 јуни. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барселона ја „блиндира“ новата ѕвезда

Новото откритие на Барселона, Пау Кубарси стави потпис на нов договор со клубот до 20…