Дома Фудбал „Реал Мадрид е најголемиот клуб во светот“

„Реал Мадрид е најголемиот клуб во светот“

Реал Мадрид и Наполи во среда од 21:00 часот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе играат натпревар од групата „Ц“ во Лигата на шампионите.

„Кралевите“ ќе го обезбедат првото место ако освојат барем еден бод. Италијанскиот шампион сигурно би завршил барем втор ако го совлада Реал или ако одигра нерешено, а Брага слави против Унион Берлин. Тренерот на мадритскиот клуб, Карло Анчелоти го на прес-конференцијата го најави овој дуел.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Новинарите го потсетија дека како тренер на Наполи во сезоната 2018/2019 доби отказ само неколку часа откако го обезбеди пласманот во нокаут фазата од ЛШ и тоа откако го победи Генк по низа од девет натпревари без победа. Но, Анчелоти нема желба за одмазда.

„Ми беше убаво во Неапол, немам желба за одмазда“

Доби прашање и за неговиот нов договор бидејќи актуелниот му истекува на крајот од сезоната.

„Не размислувам за тоа, ви давам прилика да поставите друго прашање“.

Следуваше прашање да го избере најдрагиот тим кој го водел во кариерата.

„Го сакам многу Милан, на сите екипи многу добро се сеќавам. Не сакам да покажам непочитување, но кон Милан и Реал чувствувам нешто посебно. Едноставно, Реал е најголемиот клуб во светот“, порача Анчелоти.

Во кариерата, Анчелоти ги водеше ПСЖ, Парма, Јувентус, Челзи, Милан, ПСЖ, Баерн, Наполи, Евертон и Реџиана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…