Дома Фудбал Рашфорд не го прослави голот против Евертон. Со тажна објава откри зошто

Рашфорд не го прослави голот против Евертон. Со тажна објава откри зошто

Маркус Рашфорд беше стрелец во победата на Манчестер Јунајтед на гости кај Евертон (0:3) во 13. коло од Премиер лигата.

Алехандро Гарначо го постигна првиот гол во третата минута со фантастичен удар со ножички, а Рашфорд во 56. минута го удвои водството.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Изведе пенал, но не го прослави голот, туку ги рашири рацете, погледна во небото и ги прегрна соиграчите.

Ден по натпреварот тој на социјалните мрежи објави своја фотографија од натпреварот и напиша:

„Вчерашниот гол би го посветил на мојот братучед кој неодамна почина“.

Англискиот напаѓач на тој начин ја откри причината поради која не се радувал на својот втор гол сезонава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри во конфликт со управата на Милан, приказните за заминување се засилуваат

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри има комплициран однос со управата, што би можело да…